Промоција на правилниците за директно снабдување во Скопје
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ), продолжуваат со активностите за промоција на двата правилници за директно снабдување. На ден 14.09.2020 на Факултетот за земјоделски науки и храна, под строги безбедносни протоколи за заштита од вирусот Ковид 19, беа претставени пред фармерите и пред научната јавност.
Промоцијата почна минатата недела од Могила, а продолжи во Демир Хисар и Крушево.
Целта на правилниците е да се овозможи легална продажба на домашни земјоделски производи, директно на фарма, при тоа задолжително исполнувајќи ги критериумите за безбедност и хигиена на храната.
Промоцијата на правилниците пред производителите, оваа недела ќе се реализира во Скопско, во општините Петровец и Студеничани.