Посета на фармерите ”увозници” на стелни јуници

          Заменик директорот на АПРЗ,Борче Петковски  заедно со советничката за земјоделство и рурален развој од РЕ Битола,Мирјана Милинг ги посетија фармерите во Битолскиот дел на Пелагонија кои направија увоз на стелни јуници по програмата за финансиска поддршка на руралнијот развој во 2019,”Мерка121.1 набавка на добиток”.

          Увезените јуници се отелени,без проблеми при телењето и после телењето.Во добра кондиција се и во добра здравствена состојба.

          Кај фармерите кои имаат слобден систем на чување на кравите,скоро и да нема проблеми со концепцијата по завршувањето на сервис периодот.

          Фармерите искажаа задоволство од количината на млеко која ја добиваат од отелените јуници во првата лактација.

          Со оглед  дека се работи за грла со висок генетски потенцијал,укажано е дека треба да се посвети посебно внимание,во начинот на чување и исхраната на животните,за што советниците од  АПРЗ им стојат на располагање.

          Исто така за да се избегнат проблеми со појава на маститиси,дадени се совети за хигијена на молзењето и  примената на методи за откривање на скриени маститиси.


          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна