Промоција на правилниците за директно снабдување во Општина Петровец

          Согласно акциониот план за промоција на двата правилника за директно снабдување, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството , вчера на ден 15.09.2020г. се одржа настанот пред производителите во просториите на ОУ ,, Кочо Рацин,,  во општината Петровец.

          Стручни лица од Агенцијата за храна на земјоделците  ги објаснија основите за  директна или продажба на земјоделски производи од куќен праг, како можност за развој  и унапредување на  работењето на земјоделците. Беа поставени повеќе прашања од носителите на земјоделски стопанства при што се разви дискусија на која стручниот тим од АХВ даваше соодветни одговори.


          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна