Реакција на почвата(пХ)

          Реакцијата на почвата има големо влијание на растењето и развојот на растенијата и микроорганизмите и на брзината и правецот на хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во почвата. Од реакцијата на почвата зависи освојувањето на хранливите елементи. Таа има има големо влијание на ефектот на минералните и органските  ѓубрива внесени во почвата.

          Концентрацијата на водородните јони во раствор се изразува со симболот рН.

          Утврдувањето на рН на почвата е начин на изразување колку почвата е кисела или алкална. Во зависност од бројната вредност на пХ, почвите можат да се класираат на следниот начин:

                     

          Реакција

          пХ

          Многу кисели

          <4,5

          Кисели

          4,5-5,5

          Слабо кисели

          5,5-6,5

          Неутрални

          6,5-7,2

          Слабо алкални

          7,2-8

          Алкални

          8-9

          Многу алкални

          >9

                     

          Во природни услови реакцијата на почвениот раствор варира од рН 3-3,5 (тресетни почви) до рН 9-10(солени почви). Реакцијата кај културните почви се движи во границата рН 3,5-8.

                      Најголем број од земјоделските култури, најдобри услови за растење и развој имаат на слабо кисела до неутрална почва. Многу киселите почви со рН 4, не се погодни за земјоделско производство.

                      Закиселувањето на почвата е природен процес кај сите почви, но може да биде забрзан со активностите на човекот. Степенот на закиселување зависи од структурата на почвата, внесување на атмосверки нечистотии, минерални ѓубрива и од примената на агротехничките мерки.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна