Нега и берба на домати во заштитен простор

          По расадувањето на стално место, после извесно време на прифакање ( 8 – 10 дена), потребно е да се пристапи кон редовни активности.

          Наводнувањето и прихранувањто обично се изведуваат заедно. Потребните количини на вода се одредуваат обично визуелно, или во зависност од почвената структура, а најчесто се изведува со систем капка по капка. Заедно со наводнувањето се прихранува со кристални водорастворливи ѓубрива во комбинација NPK 1:3:2 во почетната фаза на развој, потоа NPK 1: 1 : 1 се до пинцирањето или поткршување на врвот или формирањето на 4-5 спратови од гроздови (китки) на кои има формирано плодови. Понатаму се употребуваат ѓубрива со поголем % на калиум  или NPK 2: 1: 3 кое делува на растењето и бојата на плодовите.   Најдобро е ако се вршат редовни агрохемиски анализи и на база на нив се одредува со кое ѓубриво ке се прихранува.

          Во текот на развојот се врши врзување на секое стебло одделно со манила, кога е на висина од 30-40 см. Се врши пинцирање или филизење, кога филизите се на 5-7 см. и тоа внимателно, да не се чека тие да прераснат и трошат непотребно храна,  а исто така се стварат и поголеми рани на самото растение на кои места може лесно да се инфицираат. Затоа е препорачливо секогаш после  филизење да се изврши и заштита како превентива.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна