Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март

          Декември како и обично има доста ниски температури, врнежи од снег или дожд и  практично пчелите влегуваат во зимска хибернација. Тоа е период каде најбитно е да се обезбеди мир на пчеларникот бидејќи од било каков потрес пчелите паднат од клубето тие поради ниската температура не можат да се вратат во клубето и умираат од студот. Во овој период ако пчелите ја потрошат храната над клубето, поради студот не можат да се движат и да стигнат до останатата храна може да се случи и покрај  резервната храна која ја имаат да изумрат од глад.Затоа кога времето го дозволува тоа треба да се провери дали имаат достап до доволно храна, во случај да немаат на пчелите да им се стави погача над клубето, исто така да се провери вентилацијата во кошницата и ако има некои пропусти да се санираат.

          Со правилното  зазимување на  пчелите на есен, во декември и немаме некоја работа на пчеларникот но сепак треба да се вршат проверки и тоа дали на леталата има мраз, снег или мртви пчели и леталото треба да се исчисти за пчелите слободно можат да излегуваат и влегуваат кога е убаво времето.

          Во овој месец може да ги преместуваме кошниците на кратки растојанија меѓутоа многу внимателно за да не предизвикаме потрес и пчелите не паднат од клубето. Треба да се напомене дека за преместување на кратки растојанија треба пчелите да не излегувале барем 25 дена.

          Одвреме навреме треба да се проверат пчелните друштва дали добро зимуваат. Тоа можеме да го направиме преку звукот кој доаѓа од внатрешноста на кошницата. Ако зуењето е рамномерно и многу тивко тогаш со пчелното семејство се е во ред, додека ако зуењето е јако и се слуша на 1-2 метри од кошницата тогаш пчелите немаат храна или имаат проблем со вентилацијата или во кошницата има несакан гостин (глушец). Значи било кој недостаток да го имаат пчелите мора да се одстрани веднаш.

          👉 Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна