Јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на неопределено време

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството има потреба за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време за  работното место:

           

          Хигиеничар, Курир

          Општи услови:

          -да е државјани на Република Северна Македонија,

          -активно да го користи македонскиот јазик,

          -да е полнолетно,

          -да има општа здраствена способност за работното место и

          -со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

          Посебни услови:

          -да има завршено основно образование,

          -со или без работно искуство.

          Дневно работно време 8 часа од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 со пауза од 30 минути. Неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок. Основната нето плата за работното место Хигиеничар, Курир е 18.000,00 денари.

          Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на посебните и општите услови, во оргинална форма или копија заверена кај нотар.

          Пријавата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престујовалиште на кандидатот, е –меил адреса и контакт телефон.   

          Рокот за пријавување е три (3) работни дена, од денот на објавување на огласот.

          Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

          Потребната документација да се достави во затворен плик лично во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, или по пошта на следната адреса: Климент Охридски бб, Пeлaгонка II -5/3, 7000 Битола (со назнака „за оглас за вработување”).

          Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.

          Лице за контакт: Љупчо Лозановски,  кон.тел.072 252 433     

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна