Теренска кампања за запознавање со мерките од програмите за поддршка

          Со почетокот на месец март, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за храна и ветеринарство започна голема теренска кампања во насока на информирање на земјоделските производители за можностите за искористување на мерките од програмите за поддршка.

          За таа цел, АПРЗ изработи акционен план со детални оперативни планови за теренска посета при што се планира да бидат опфатени околу 460 населени места во сите општини во државата.

          Со оваа информативна кампања се очекува поголем број на производители да бидат запознаени со мерките од програмите за поддршка, подобноста и критериумите за користење на оваа поддршка.

          Реализацијата на предвидените активности во акциониот план што ќе ги преземе АПРЗ се насочени кон:

          Организирање на индивидуални и групни средби со претставници од земјоделските стопанства во руралните средини, промоција и презентации за мерките од програмите.

          • Во овој дел АПРЗ ќе организира средби во руралните средини на кои земјоделците ќе се информираат за програмите и условите за користење на мерките.

          Промоција и информирање преку национални и локални медиуми за мерките од програмите на МЗШВ за 2023 година.

          • Согласно оперативниот план за теренски посети, кој ќе биде проследен и со медиумска покриеност.

          Идентификација на земјоделци кои ги исполнуваат условите за користење на мерките од програмите преку користење на податоците од ФАДН системот.

          • Согласно селекциониот план за избор на репрезентативни земјоделски фарми при одделението за ФАДН во МЗШВ.

          Континуирано информирање на сите заинтересирани со објавување на програмите и јавните повици.

          • На ВЕБ страната на АПРЗ и преку социјалните мрежи (facebook, и регистрирани на регионални одделенија и работни единици при АПРЗ).

          Континуирано информирање преку локалните медиуми за претходната најава и објавување на јавен повик.

          • Според планот за објавување на јавните повици во 2023 година на АФПЗРР и МЗШВ, АПРЗ ќе изврши појаснување за критериумите во мерките за користење на средствата преку континуирано информирање на локалните медиуми за претходната најава и објавување на јавниот повик (во соработка со МЗШВ, АФПЗРР…..).

           Помош на земјоделците при пополнување на барањата за мерките од програмите во 2023 година.

          • Во овој дел АПРЗ ќе пристапи кон помош при пополнување на барањата (технички предлог проект или деловен план) кои ќе бидат заведувани во формуларот за следење по вработен.

          Согласно ингеренциите, акцентот на промоција, информирање и презентација од страна на АПРЗ ќе биде насочен кон следните програми:

          1. Програма за финансиска поддршка на руралниот развој (pdf)
          2. Уредба за доделување на техничка помош во земјоделството и руралниот развој (pdf)
          3. Програма за финансиска поддршка во земјоделството (pdf)
          4. Уредба за начинот на директните плаќања (pdf)
          5. Програма за финансирање на земјоделски производители на храна (pdf)
          6. Програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност (pdf)

          Според спецификите и потребите на теренот, ќе бидат вклучени и следните програми:

          1. Програма за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци (pdf) 
          2. Програма за финансиска поддршка во рибарството (pdf) 

          И во наредниот период кампањата ќе продолжи со консеквентно информирање и промоција на програмите, како и појаснување на критериумите и директна поддршка во поднесување на барања при објавен јавен повик.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна