Студиско патување на АПРЗ во организација на Италијанската невладина организација COSV

          Во периодот од 19.04.2015 до 25.04.2015год. во Ферара, Италија беше организирано студиско патување во организација на Италијанската невладина организација COSV, а во рамките на проектот Иновативни практики во заштита на околината – поддржано од програмата за Прекугранична соработка на Европската Унија. На ова патување  учествуваше и претставник од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

          Целта на ова студиско патување беше размена на практични искуства преку посета на овошни насади и расадници, како и одржување на трибини и практични обуки за запознавање на нашите претставници со организацијата на тамошните земјоделци и нивниот начин на производство и заштита.

          Притоа, беа посетени овошни насади во Ферара, каде што на површина од околу 60ха се произведуваат неколку видови на овошје: јаболко, круша, цреша, кајсија, слива. Исто така, беше посетен и производствениот центар Massenzatica, во Месола, каде на околу 70 ха се негуваат растенија и расад Вирус фри и кој претставува едно од најголемите вакви полиња во Европа.

          Студиската посета на Равена и Верона им овозможи на нашите учесници да ги посетат најголемите производители на праски, сливи и кајсии, директно да се информираат од тамошните експерти и техничари за начинот на калемење, резидба, заштита и целокупниот процес на производство и менаџирање со готовиот производ.

          Исто така беа посетени и 2 најголеми кооперативи во областа Ромања: Агритеса и Теремесе и преку интерактивните трибини, учесниците се информираа за нивниот начин на работа и функционирање.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна