Вработените од АПРЗ донираат бела техника за настраданите од поплавите

          Кој не ја запамети зелената куќа во Новаци, која настрада во февруарските поплави, а шестчленото смејство Мицевски од тогаш се уште живее во Студнетскиот дом во Битола? Меѓутоа, со солидарноста и хуманоста на добрите луѓе, помошта брзо стаса и санацијата на куќата која долго време беше под вода, е при крај. Денеска, камерата на Алфа телевизија го долови моментот кога примаа уште една донација- машина за перење на алишта, помош од вработените на Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделското производство.

          Им благодарам на сите за солидарноста што ми ја даваат. Посебно денеска им благодарам на вработените од Агенцијата за развој на земјоделството- рече главата на фамилијата, Станко Мицевски.

          Меѓутоа, помош од вработените и членовите на Управниот одбор на Агенцијата со фрижидери, веш- машини и друга “бела техника“, ќе добијат земјоделците што претрпеа најголеми штети од поплавите во Пелагонија.

          Ние сме во функција на земјоделците на Република Македонија и токму од тој аспект ги солгедавме потребите за едно вакво солидарно донирање- рече професор д-р Стфче Пресилски, претседател на УО на АПРЗ.

          Хуманиот гест и хуманоста се уште постои кај населението. Само треда тоа да се разбуди и да започнеме да си помагаме едни на други- рече м-р Игор Златков, директор на АПРЗ.

          Денешниот чин на солидарност, опфати земјоделци од Новаци, Вашарејца, Ношпал и Чарлија. Од земјоделците- за земјоделците, порачаа од Агенцијата.

          Видео записот можете да го погледнете на следниот линк.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна