Јавен повик за мерка 113 преку која се добиваат неповратни 20 000 евра

          Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува Јавен повик бр.01/2020 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

          Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерка 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделското производство” каде што максимална вредност на прифатливи трошоци е до 1.200.000,00 денари по поединечен корисник, а средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати (години).

          Право на користење на средства имаат Земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Носителот на земјоделско стопанство треба да биде на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

          Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

          Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk ,потоа целокупната потребна документација се доставува во архивата на агенцијата, секој работен ден од 08:00 до 16:00.

          Крајниот рок за доставување на барањата е 10.03.2020 година.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна