Јавен повик за Мерка 121: Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

          Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик 03/2021 за Мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, Подмерка 121.5 Инабавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалки.

          Со мерката ќе кофинансираат трошоци за набавка на комбајн со уред за сечење на сламата, за земјоделците кои имаат засеано минимум еден хектар со ориз.

          Аплицирањето се врши електронски преку веб страната е- baranje.ipardpa.gov.mk. Вкупната прифатлива сума по корисник е до 3.5 милиони денари а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.Ставката на кофинансирање се зголемува на 55 % ако носител е млад земјоделец од 18 до 40 годишна возраст. 60% поддршка ќе добијат сите кои работат во места со ограничени можности, 65% поддршка ги следува сите кои на денот на аплицирање имаат од 18 до 40 години и обработуваат површина во ограничени можности, додека 75 % кофинансирана сума ги следува сите кои имаат површини во недостапни средини.

          Пријавувањето на заинтересираните земјоделци ќе трае до 15 Мај 2021 година, а средствата ќе се доделуваат во периодот на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво.

          За поддршката можат да аплицираат земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар, а се индивидуални земјоделци, како и трговци поединци и трговски друштва, земјоделски задруги кои се впишани во регистарот на задруги.

          Деловен план – Комбајни

          Јавен повик 03-2021

          Упатство 121.5 – Набавка на комбајни

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна