ЈАВЕН ПОВИК ИПАРД 2014-2020 бр.01/2021

          Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 08 јули 2021 година објави ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

          АФПЗРР ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерка 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

          Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од: 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 9.604.431,00 евра или во денарска противвредност 592.545.370,75 денари, со можност во текот на јавниот повик износот да се зголеми.

          КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊАТА Е 22 АВГУСТ 2021 ГОДИНА

          Барателите повеќе информации за критериумите и потребните документи можат за да добијат во канцелариите на АПРЗ. Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014- 2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План/Технички Предлог Проект и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

          Јавен повик за мерка 7.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна