ЈАВЕН ПОВИК за мерка 112 Помош на млади земјоделци бр. 07/2021

          Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр. 07/2021 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

          Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност

          Максимална вредност на прифатливи трошоци до 600.000,00 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник

          Право на користење на средства имаат следните субјекти: Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

          Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

          КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊАТА Е 29.08.2021 ГОДИНА.

          Барателите повеќе информации за критериумите и потребните документи можат за да добијат во канцелариите на АПРЗ и од веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна