Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

          Денес, на 22 декември 2021 година, формализирана е одличната соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје преку потпишување на Меморандум за соработка.

          Имено, во просториите на Земјоделскиот институт во Скопје, директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, г-динот Елгафар Јусуфи и директорот на Земјоделскиот институт проф. д-р Виктор Ѓамовски потпишаа Меморандум за соработка кој претставува темел за понатамошна заедничка соработка меѓу двете институции, а ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација, за да се обезбеди што поквалитетна услуга за сите засегнати страни кои егзистираат и работат во областа на земјоделството и руралниот развој.

          Меморандумот има за цел да обезбеди координирање, заеднички активности и меѓусебно помагање во насока на поддршка при унапредување, модернизација, осовременување и адаптација на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.

          Овој меморандум како основа ја има соработката во областа на земјоделството и руралниот развој, имајќи ги предвид законската регулатива, националните стратешки планови и програми, принципите на заедничката земјоделска политика на Европската Унија, како и потребите на населението во руралните области, со цел да се обезбеди квалитетен пристап за поддршка во подобрување на условите за живот во руралните средини.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна