Активности

Работна средба помеѓу директорот на АПРЗ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

На 13.02.2025 година, во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, беше реализирана работна средба помеѓу директорот на АПРЗ г-динот Пеце Стојковски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-динот Цветан Трипуновски.

Оваа посета од страна на министерот беше значајна и овозможи директен дијалог за предизвиците и потребите со кои се АПРЗ се соочува во работењето. Од голема важност е тоа што беше договорена заедничка соработка во делот на организирање на инфо денови за земјоделците во однос на националните програми за финансиска поддршка и ИПАРД програмата за 2025 година. Договорено е инфо деновите да започнат од 17.02.2025 година и да се реализираат во сите региони во државата.

Заедно со министерот беше остварена средба со земјоделците и сточарите од Пелагонискиот регион, каде се разговараше за актуелните состојби во земјоделството и сточарството, програмата за финансиска поддршка и јавниот повик од ИПАРД – програмата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *