Вести
Потпишан Меморандум за соработка со КОП
Директорот на АПРЗ, Пеце Стојковски, оствари работна средба со претседателот на Комората на органски производители, Драги Цветковиќ. На средбата се разговараше за актуелната состојба со органското производство и можностите за институционална поддршка.

Во рамките на средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу АПРЗ и КОП, со цел:
- унапредување на органското земјоделство,
- поддршка на производителите,
- заедничко делување во креирање на регулативата.
Партнерства за поодржливо земјоделство!