АПРЗ заедно со Winner во заедничка кампања за осигурување на земјоделските посеви

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со осигурителната компанија Winner изготви акционен план за промоција на осигурувањето во земјоделството. Во текот на месеците април и мај планирани се средби со месното население во над пеесеттина населени места.

          Досега се одржани трибини во пелагонискиот регион во кој се опфатени селата Гермијан, Бач, Брод, Живојно, Егри, Оптичари, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Породин, Могила, Радобор, Трап и Будаково, како и во охридскиот регион во општината Дебарца опфатени селата Мешеишта и Волино.

          Покрај претставници на АПРЗ и Winner, учество земаат и претставници од Федерација на фармери на Р. Македонија.

          Целта на оваа кампања е промовирање на владините мерки за субвенционирање на осигурувањето и негова популаризација кај месното население, со што би се зголемил интересот за помасовно осигурување на земјоделските стопанства.

          На овие средби се дискутира на повеќе теми за кои се заинтересирани присутните земјоделци. Промовирање на можностите за рурално кредитирање, согласно владините мерки и програми во земјоделството и руралниот развој, се разговара за ИПАРД програмата, Добра земјоделска пракса (Водење на евиденција за користење на заштитни средства и минерални ѓубрива),Осигурување на земјоделскиот род- помош за премии за осигурување со висина на подршка до 60% од вредноста на полисата.

          Овие средби продолжуваат и во наредните денови, а кампањата за промоција на осигурување на земјоделските посеви ќе трае се до крајот на месец мај.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна