СИРАК

          Сиракот е култура за повеќе намени . Зрното се користи за исхрана на човекот и добитокот или како индустриска суровина, а остатоците од стеблото за исхрана на добитокот, како индустриска суровина или како енергетски извор.

          Зрното од сиракот има повисока хранлива вредност од многу други фуражни култури, заради повисоката содржина на сварливи белковини и повисока вредност на скробот.

          Зелената маса служи за исхрана на добитокот во свежа состојба, за подготвување на силажа или за производство на сено.  Во зелените делови на растението се наоѓа цијановодород кој е отровен за животните, но набрзо после косењето тој се претвора во неотрвна материја. Затоа пресно косениот сирак не треба да се употребува за исхрана на добитокот, а подоцна дневниот оброк не смее да надмине 35 кг по грло крупен добиток.

          Према начинот на искористување  сиракот се дели на: сирак за зрно (за производство на зрно), технички сирак (за производство на метли и други производи), добиточен (шеќерни) сирак (за производство на зелена маса, силажа а и сено во сушни подрачја), и подвидот суданска трева која се користи за исхрана на добитокот со косење и напасување.

          Сиракот е култура со изразена отпорност на суша, благодарение на коренот и карактеристиките на лисјата.  Во услови на наводнување дава високи приноси. Затоа сиракот покажува одлични резултати во услови на суво производство, како и при наводнување. Према почвата има помали барања во однос на пченката и успева на сите почвени типови од суви и песокливи, до тешки, па дури и на засолени почви. Оптималната киселост на почвата изнесува рН=6-7.

          За високи приноси добри преткултури се: легуминозите, зелковите култури и житариците.

          Основната обработка зависи од предкултурата. Основното орање треба да се изврши во есен на длабочина од 25-30 см, а заедно со орањето треба да се изврши и основното ѓубрење. Рано  во пролет треба да се изврши дополнителната обработка, а пред сеидба треба да се создаде поволна структура за сеидба.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна