Берба (жетва) и складирање на пченка

          Времето на берба (жетва) на пченката е условено од содржината на влага во зрното. При рачната берба или полумеханизираната берба /берба со берач/, бербата се врши во таканаречената полна зрелост. Полната зрелост се одредува врз основа на најмалата содржина на влага во зрното, односно при количина на влага која овозможува чување на пченката во кош.

          Во современото производство на пченка, каде  бербата е потполно механизирана (еднофазна) , бербата на пченката се врши во таканаречената техничка зрелост која овозможува берба, чување, доработка и употреба. Техничката зрелост на пченката настапува на преодот на восочната во полна зрелост, односно во втората половина на восочната зрелост. Во тоа време зрното ја добива природната боја и сјај, лисјата се сушат, а обвивката околу кочаните е посува од лисјата.

          Почеток на жетвата во техничка зрелост се смета периодот со влажност на зрното 30-35%, што истовремено представува и горна дозволена граница за берба со задолжително сушење на зрното заради намалување на влагата под 14%.  Во наши просечни услови содржината на влага во зрното кај многу раните хибриди во време на бербата паѓа на 15%, раните 15-20%, средно раните 20-25%, средно доцните 25-30%, а кај доцните 30-35%. Подоцна во текот на бербата содржината на влага во зрното се намалува во зависност од временските услови. 

          Во години со просечни временски услови и при сеидба во оптимален  рок, раните и средно раните хибриди стигаат за жетва на крајот на септември, средно доцните во првата половина на октомври, а доцните на крајот од октомври. Во години со повеќе врнежи и пониски температури задоцнувањето од наведените рокови може да изнесува 10-15 дена.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна