Системи на обработка на почвата за пролетна сеидба

          После  жетвата на раните предкултури до сеидбата на пролетните култури изминуваат околу 8 месеци. Во овај случај системот на обработка се состои од две временски одвоени фази:

          – заорување и основна обработка во лето и есен,

          – површинска обработка и предсеидбена припрема во пролет.

          Заорувањето представува плитка обработка на почвата после жетвата на ранските преткултури во летото, со цел да се создаде плиток растресит слој. Такви предкултури се фуражните смески, стрните жита, маслодајната репа, грашокот и др.

          Основните цели на заорувањето се: заорување на жетвените остатоци и плевелите, нивно мешање со почвата и овозможување на нивно разлагање, подобрување на водниот режим на почвата (намалување на испарувањето) и подобро впивање на водата од дождовите, поттикнување на микробиолошката активност  во почвата, полесно и квалитетно извршување на основната обработка.

          Заорувањето треба да се изврши непосредно после жетвата, бидејќи во време на жетвата почвата содржи извесна количина на влага, што овозможува квалитетно извршување на оваа операција. Длабочината на заорувањето зависи од количината на жетвените остатоци, типот и влажноста на почвата. На сува почва со лош квалитет и поголема количина жетвени остатоци, заорувањето треба да се изврши на поголема длабочина односно од 10 до 15 см. Потоа во есен следи основната обработка, до колку има потреба се врши и груба припрема (равнење или тањирање) а во пролет површинската и предсеидбената обработка.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна