Заштита на почвата од ерозија

          Ерозијата на почвата е најтежок облик на деградација на почвата. Водата или ветерот се двата основни причинители на ерозијата, но човекот со неправилното користење на почвата може да ја предизвика и забрза ерозијата.

          Водената ерозија најчеста е во ридско-планинските реони каде постои нагиб и каде е изразен дождовниот период. Во такви услови без заштита од природна вегетација, често се создаваат буици, кои брзо ја однесуваат плодната почва.

          Ерозијата од ветерот предизвикува разновидни штети слични на ерозијата од вода. Ветерот ги носи најситните и највредните честички на почвата (глината, прашината и хумусот), обично на голема далечина, така што почвата постепено го менува составот и постанува песоклива, чакалеста, а со тоа се намалува способноста за задржување на водата.

          Брзината на ветерот непосредно на површината на почвата е најзначаен фактор на еолската ерозија. Према мерењата, честичките на почвата со пречник од 0,1 мм се поместуваат од своето место, ако хоризонталната брзина на ветерот на висина од 30 см достигне 28-30 км на час, а истовремено во вертикален правец брзината на турбуленцијата е 3-4 км на час.

          Ерозијата по дејство на ветерот предизвикува најмногу штети на земјоделските површини со рамен и отворен пејсаж, до колку почвата е сува, и која содржи чистички кои ветерот лесно ги подигнува, и ако тие меѓусебно не се поврзани во структурни агрегати. Затоа песокливите кои содржат многу малку органски и минерални колоиди лесно еродираат, наспрема почвите богати со глина и прав, кои се отпорни према еолската ерозија. Влажноста на површинскиот слој значајно влиае на ерозивноста на почвата. Ветерот може да однесе само суви или малку влажни честички, затоа што влажните честички се потешки.

          Растенијата го успоруваат ветерот близу површината, а со засенчувањето ја чуваат влагата во површинскиот слој. Затоа почвата покриена со густи и бујни растенија многу добро е заштитена од ерозија на ветерот.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна