Објекти за крави

          Основни принципи во планирањето на објектите за крави

          Изградбата на објекти за крави мора да се испланира многу внимателно, затоа што тие се скапи и треба долго да траат. Ако објектите се подигнат правилно тие траат долго, во нив кравите добро се чувствуваат , намалени се повредите и болестите, продукцијата на млеко е повисока, а олеснета е и  човечката работа во шталата.

          Климата во шталата не преставува некој поголем проблем, затоа што кравите поднесуваат и високи и ниски температури, особено ако можат да се движат. Сепак, треба да се води сметка при ниски температури да нема промаја, а при високи температури да се обезбеди добра вентилација.

          Микроклима во објекти за крави:

          –          Температура      4 – 21°С

          –          Вентилација      50 – 250 м³

          –          Релативна влажност max 80%

          Површините за лежишта мора да бидат доволни не само за лежење, туку и за непречено легнување и станување на животните. Најчести димензии се 175-190 х 120 cm. Меѓутоа самата површина треба да исполни  барем три групи на услови:

          • Да има топлотна изолација (подот да не ја ,,однесе,, топлината на кравата) што се постигнува со простирка, гумена подлога или користење на термо-изалоциони материјали,
          • • Да има добра еластичност , што исто така се постигнува со ставање на простирка или гумена подлога,
          • Подлогата мора да биде стабилна – несмее да биде лизгава.

           Кравите се држат на два начина: врзан (поединечно) и слободен (групно)

           ВРЗАН (ПОЕДИНЕЧЕН) НАЧИН НА ЧУВАЊЕ НА КРАВИ

          Врзаниот начин на чување најчесто се користи кај помали фарми од 5 или 10 , а најмногу до 20 крави. Недостатоци кај врзаниот начин на чувањесе што кравите се секогаш на едно место, и сите функции се изведуваат на тој мал простор. Кај овој начин има повеќе работа околу носењето и растурањето на храната и простирката и околу изнесувањето на млекото и ѓубрето. Овој начин има и неколку погодности: полесна, поедноставна и посигурна контрола и нега на секоја крава поединечно и исклучено е меѓусебното вознемирување и повредување на кравите.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна