Бруцелоза
Бруцелозата представува инфективно заболување од бактериска природа што припаѓа на зоонозите.. (Brucella melitensis, Brucela abortus, Brucella suis, Brucella canis, Brucella ovis, Brucella neotomae). Се карактеризираат со различна вирулентност, а највирулентна е Brucella melitensis. Отпорни на надворешна средина во која можат долго време да опстојат а покажуваат осетливост кон висока температура и дезинфекциони средства.
Најчесто протекува како акутно заболување со покачена телесна температура, треска, обилно потење, болки во зглобови, зголемени лимфни јазли, а често пости и зголемување на црниот дроб и слезината.
Кај хроничните случаи процесот е најчесто локализиран на ‘рбетниот столб и големите зглобови па така болниот може да има отежнато движење и да зафаќа неприродна положба.