Основна обработка на почвата

          Основната обработка представува активирање на ораничниот слој до полна длабочина, со цел создавање на поволни услови за следниот посев. Основната задача на обработката е ситнење, дробење и растресување на почвата, заорување на растителните остатоци, органските и минералните ѓубрива, со што се создаваат поволни услови за сеидба и развој на посевот.

          Орањето е најраширен начин на извршување на основната обработка, а истото можи да се изврши во лето, есен, зима и во пролет.

          Летното орање се извршува во периодот јуни-септември. Може да се разликуваат два случаеви. Во првиот случај пред орањето се врши заорување, а во вториот случај орањето се врши непосредно по жетвата. Ако почвата е збиена и сува  тогаш не смее да се ора. Во таков случај квалитетот на орањето е многу лош, се создаваат големи грутки, што ја оневозможува површинската припрема. При површинската обработка после такво орање се зголемува фракцијата на прашина, се расипува структурата на почвата а површината останува грутлива. На сува почва ни заорувањето не може да ја постигне целта. Во ваков случај се препорачува да се чека дожд. Орањето непосредно после жетвата без заорување се врши во случај ако почвата содржи доволно влага.  Длабочината на летното орање зависи од културата која ќе се одгледува. За озимите посеви до колку не постои некоја друга причина доволно е да се ора на 20-25 см. а до колку се планира августовска сеидба на луцерка се ора подлабоко.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна