Реализација на трибини за претставување на новото индексирано осигурување на остварени приноси од посеви

          Со цел запознавање на земјоделците со начинот на функционирање на новиот систем за осигурување, а во тие рамки и на Europa Re; опис на новото индексирано осигурување на остварени приноси од посеви, прв од ваков тип во Македонија, неговата достапност и начинот на кој ќе функционира; одговори на можните дилеми и прашања на земјоделците за можностите и начинот на осигурување, во организација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, организираше трибини со земјоделски производители и тоа:

          На трибиние учествуваа следните говорници:

          • Надица Јовановска Бошковска, раководителка на претставништвото на Европа Ре во Македонија;
          • Претставник на Албсиг – акредитирана осигурителна компанија која ќе ги продава полисите;
          • Организатори на настаните/Модератор – Агенција за поттикнување на развојот на земјоделство.

          Опис: Земјоделското осигурување за остварени приноси од посеви во одредена област (ИООПП) претставува осигурителен производ кој може да им понуди заштита на земјоделците од катастрофални суши на ниво на општина. Клучното својство на производот ИООПП е дека полисата не ги осигурува индивидуалните одгледувачи од губењето на нивното производство односно приноси, туку осигурува од загуба на приносите на ниво на општина, односно онаму каде остварениот просечен принос на општината е помал од договорениот осигурен принос. Сите земјоделци кои купиле осигурување во таа општина добиваат исплати врз основа на остварениот просечен принос во општината.

          За почетната година ќе се нуди осигурување за ИООПП за 2 култури: есенска пченица и јачмен. Европа РЕ ќе го зголеми портфолиото на култури кои ќе бидат опфатени со овој земјоделски производ во текот на 2015 година, со тоа што ќе понуди осигурување за пченка и винско грозје.

          Бидејќи ИООПП има за цел да обезбеди заштита на општините каде производството на земјоделски култури е традиционално, општините со мали просечни посеани површини во последните три години не се квалификуваат за овој вид на осигурување. Праговите за квалификување во моментов се најмалку 300 Ха по општина.

          Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна