Активности на АПРЗ во сузбивање на болеста син јазик
Болеста син јазик е незаразно вирусно заболување кај домашните и дивите животни, која различно се манифестира кај различни видови на животни. Може да предзвика голема смртност. Пренесувачи на болеста се комарците, а не се пренесува преку контакт од животно на животно. Вирусот се пренесува во периодот на активност на комарците, особено во влажни и дождливи периоди од годината.
Кај овците се манифестира со :
- треска,
- крвен подлив или оток на усната и носна празнина,
- обилно лигавење и исцедок од носот,
- кривење, слабост и намалување на телесната тежина,пролив, абортус.
Многу e важно веднаш откако ке се забележат наведените симптоми да се известат ветеринарните и инспекциските служби, за да преземат соодветни мерки за заштита.
Видео материјалот можете да го погледнете на следниот линк.
Стојан Глигоров