Собирање и сушење лековити растенија

          При собирање на лековити ароматични растенија треба да се знае точно за што се собираат истите, односно кој дел од растението се собира и во кое време тоа треба да се направи. Според тоа постојат одредени правила.

          Ако се користи коренот, тоа растение се собира во пролет или есен, лисjaтa се собираат кога растението е во фаза на интензивно цветање, а плодовите се собираат или пред зреење или кога плодот е целосно зрел. Сите растенија се собираат по убаво и суво време, околу пладне кога во воздухот има најмал процент на влага.

          При собирање растенијата или нивните делови се сместуваат во плетени кошници, кутии или платнени кесиња. Никогаш не смее да се користат пластични кеси зашто во нив нема циркулација на воздухот и собраните растенија брзо овенуваат, а може да се појави и трулеж.

          Кога се собираат растенија во планински предели или самоници треба да се внимава во реонот на нивно виреење да се остават барем по 30 примероци за да се спречи целосно уништување на растенијата и да не се дозволи нарушување на еколошката рамнотежа.

          Собирање цветови. Цветовите се  собираат кога растението е во фаза на почеток на цветање. Цветовите се многу нежни па затоа се собираат еден по еден. Тие се складираат во плетени кошници или кутии и при тоа треба да се внимава да не се  нагмечуваат или физички оштетуваат, а веднаш потоа се пристапува кон нивно сушење во природни услови или специјално направени сушници.

          Собирање на лисја. Лисјата се собираат пред цветање или за време на цветање на растението. Најквалитетни лисја се собираат во период кога се јавуваат првите цветови зашто тогаш се најсочни и со најмногу лековити материи во себе. Лисјата се собираат по убаво и суво време, зашто влагата може да доведе до палење-трулеж. Треба да се собираат само млади, здрави, сочни лисја кои се складираат во кошници или кутии без да се нагмечуваат и веднаш се носат на сушење.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна