Активности

Координативна работна средба со националниот координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

Денес во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството се одржа координативна работна средба помеѓу директорот на АПРЗ г-дин Пеце Стојковски и г-ѓа Верче Мицевска, национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во земјоделството, улогата на АПРЗ кај земјоделците во врска со безбедноста на храната, поддршката на АПРЗ од областа на здравјето на растенијата, производите за заштита на растенијата, но и програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и ИПАРД програмата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *