Вести
Реализирани инфо средби за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД
Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД – Програмата во периодот од 24.02. до 28.02.2025 година
Продолжуваат инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД Програмата, во соработка помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, во рамки на кампањата за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.
Така, во текот на изминатата седмица, беа реализирани инфо средба за земјоделците и тоа:
- на 24.02.2025 година од тетовскиот регион и Јегуновце,
- на 25.02.2025 година во Велес и Свети Николе,
- на 26.02.2025 година во Карбинци и Штип,
- на 27.02.2025 година во Кавадарци и Тимјаник,
- на 28.02.2025 година во Прилеп и Кривогаштани.
На овие средби на присутните им беа презентирани постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства согласно последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.
Со оглед на актуелноста на мерката, во рамките на оваа средба се разви дискусија, каде што заинтересираните корисници подетално се информираа за критериумите за аплицирање, видови на инвестиции кои се прифатливи, односно кои се прифатливи трошоци, можностите за авансно финансирање и сл.











