Технологија за подигнување на јагодов насад

          Почвени услови

          За јагодата најпогодна е растресита, неутрална или киселкаста почва богата со органски материи. За јагодата не одговараат варовити почви поради појава на хлороза. Исто така треба да се избегнуваат почви зараснати со корови. Најдобра РH е од  4,6 до 6,4.

          Климатски услови

          Јагодата обично не бара посебни климатски услови, т.е. има доста широк ареал на ширење со тоа што истовремено не зрее во сите услови на средината. Јагодата е доста ценето овошје, бидејки зрее доста порано во однос на другото овошје. Доста е осетлива на суша, па е неопходно во текот на вегетацијата да се врши наводнување како би се постигнал добар принос.

          Припрема на површината

          Површината предвидена за одгледување на јагодата мора внимателно да се припреми. Треба да се избегнуваат  екстемно влажни почви. Посебно треба да се посвети внимание да во почвата нема услови за развој на корови.Во  наши услови јагодата може да се одгледува интензивно највеќе 4 години. Пред садење задолжително се третира со некој селективен хербицид. Ако јагодата се сади на некоја стара површина задолжително се врши фумигација на почвата, но во секој случај треба да се избегнуваат такви површини.

          👉 Технологија за подигнување на јагодов насад.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна