Реализирани активности за производство на квалитетен семенски материјал за пиперка со поголема отпорност кон климатските промени

          Заменик  Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ( АПРЗ ) м-р Борче Петковски присуствуваше на презентацијата на реализирани активности за производство на квалитетен семенски материјал за пиперка со поголема отпорност кон климатските промени во рамките на ФАО проектот:  “Создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени”.

          Основна задача на АПРЗ е да ги пренесе придобивките од современите земјоделски технологии и да ги поттикне земјоделците да ги прифатат и користат овие технологии на нивните фарми, бидејќи современото земјоделско производство бара економично производство на оптимални количини и квалитет на земјоделски производи, пред се храна,  достапна за секој џеб.  Ако произведеме повеќе, поквалитетно и поефтино за да можеме да го продадеме сме ја постигнале целта од примената на  новите земјоделски иновации и новите земјоделски технологии кои мора да бидат добри, лесно применливи и супериорни во однос на старите земјоделски техники што ги користат земјоделците во производството.

          Покрај пренесувањето на современите научни сознанија во процес на земјоделското производство, АПРЗ ги едуцира земјоделците да бидат добри менаџери со своите земјоделски стопанаства, за да бидат конкурентни на пазарот. Во таа насока АПРЗ настојува да биде вистински партнер на земјоделците, на најдобар можен начин да ги пренесе потребните вештини на земјоделците, за примена на подобрите земјоделски мерки, да им достави навремени информации за добрите земјоделски практики, во лесно разбирлива прилагодена форма, како и да се создаде поволен став за иновации и промени кај земјоделците.

          Овој настан е дел од новата ера на соработка помеѓу АПРЗ и Земјоделскиот институт – Скопје, а заедничката соработка ќе продолжи и во понатомошниот период со што ќе се овозможи соодветно ниво на едукација на советниците од АПРЗ и на земјоделските производители, посебно за актуелни проблематики каде е неопходна поддршката за земјоделците.”

          По презентацијата на полскиот опит поставен во Долно Лисиче-Скопје за квалитетно производство на семе од пиперка беа доделени Сертификати на учесниците во тренинг програмата која траеше од 02-23 Септември 2021. Учесници во тренинг програмата беа советодавците од АПРЗ и земјоделци производители на пиперка.

           

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна