Работна средба за Твиниг Проект од ИПА Програмата

          Во дирекцијата на АПРЗ Битола на ден 04.10.2022г се одржа работен состанок за твининг проектот на ЕУ од ИПА програмата „Подобрување на административните и оперативните капацитети на органите за заштита на растенијата“. На состанокот беа присутни експерти за заштита на растенијата од Италија ангажирани од твининг проектот, претставници од Фитосанитарна управа при МЗШВ, претставници од Институтот за земјоделство и советници по растително производство од АПРЗ. 

          На средбата беше укажано дека проектот кон засегнатите страни во секторот земјоделство ќе обезбеди поддршка за интегрирано управување со штетници во растителното производство. Проектните активности предвидуваат воспоставување на координативна група во која учество ќе земат советодавците од АПРЗ, како една од најважните институции која е во непосреден контакт со земјоделските производители.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна