АПРЗ дел од проектот на ФАО и МЗШВ: „Поддршка за решавање на приватно-јавната сопственост со цел подобрување на управување и владеењето со земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион“

          На ден 19.09.2024 во просториите на Општина Битола, со одржување на воведна работилница започна проектот под наслов „Поддршка за решавање на приватно-јавната сопственост со цел подобрување на управување и владеењето со земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион“, предводен од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

          Ваквата воведна работилница имаше за цел да ги запознае и информира сите вклучени засегнати страни, како што се претставници од државните институции, локалната самоуправа, земјоделците, земјоделските организации и академската заедница, за понатамошниот тек на проектот, планиратите активности, резултати и можности за и тие да се вклучат во реализацијата на проектот.

          Воведни обраќања имаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Цветан Трипуновски и градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски. Додека пак, презентации одржаа г-дин Мортен Хартвигсен, главно техничко лице и службеник за земјиште во регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, г-ѓа Критина Митиќ Арсова, национален координатор на програмата на ФАО и г-дин Мортен Кристгард, меѓународен консултант за евалуација во ФАО.

          Исто така, на работилницата присутен беше и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, м-р Пеце Стојковски, како и дел од вработените од АПРЗ, и раководителот на МЗШВ ПЕ Битола Стојан Христовски.

          Работилницата беше завршена успешно, и притоа се нагласи комплексноста и предизвиците во однос на сопственоста на земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион. Фокусот се стави на заедничата визија за пободрување на управувањето со земјиштето, решавање на конфликтите и подобро искористување на богатиот земјоделски потенцијал на Пелагонискиот регион.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна