Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја отвори XXVII – та по ред манифестација „Денови на македонското пчеларство“

          На ден 10.10.2024 во Битола се одржа XXVII – та по ред манифестација „Денови на македонското пчеларство“.

          Манифестацијата свечено ја отвори директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, м-р Пеце Стојковски, упатувајќи искрени честитки до Пчеларското Здружение „Нектар“ Битола за организирање на ваква успешна манифестација.

           

          Воедно, како директор на Агенцијата им порача на сите пчелари да ги користат советодавните услуги кои ги нуди Агенцијата, се со цел максимално искористување на мерките за финансиска поддршка кои што ги предлага Владата на Република Македонија.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна