Вести
Средба на заменик-директорот на АПРЗ Ерол Абдиу и заменик министерот на МЗШВ д-р Фљакрон Беџети
Остварена е средба на заменик-директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Ерол Абдиу со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство д-р Фљакрон Беџети.
АПРЗ игра клучна улога во напредокот на земјоделскиот сектор преку советодавни услуги и пренос на современи знаења и технологии. Преку нејзиниот ангажман, има за цел зголемување на квалитетот и количеството на земјоделското производство, прилагодувајќи се на пазарните стандарди и поддржувајќи одржлив развој на руралните средини, како и спроведување на владините мерки за земјоделство преку теренски посети.
Соработката помеѓу Министерството за земјоделство и АПРЗ останува суштинска за развој на ефективни политики и поддршка на нашите земјоделци.
