Вести
КАМПАЊА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ ЗА ИПАРД ПРОГРАМАТА

Од 20ти февруари 2025 година, во соработка помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, започна реализација на кампања за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.
Денес се реализираше првата од серијата на инфо средби која се одржа за земјоделците од пелагонискиот регион, каде на присутните им беа презентирани постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства согласно последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.
Со оглед на актуелноста на мерката, во рамките на оваа средба се разви дискусија, каде што заинтересираните корисници подетално се информираа за критериумите за аплицирање, видови на инвестиции кои се прифатливи, односно кои се прифатливи трошоци, можностите за авансно финансирање и сл.


