Активности

Одржување на информативно-едукативни средби

Имајќи предвид дека земјоделските производители се соочуваат со огромен број предизвици и средина која постојано се менува, како и сложеното законодавно окружување со голем број регулативи кои влијаат на нивните активности, неопходно е да се продолжи и зајакне обезбедувањето на информации и советодавни услуги од страна на советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Токму од овие причини организираме и групни средби, каде земјоделските производители ќе имаат можност да се информираат и заедно со нашите советници да дискутираат за актуелностите и потребите во земјоделството.

Меѓу другото, на овие средби ќе се дискутира за прашања поврзани со поддршката во рамките на различни програми, мерки и интервенции со европски и национални финансирања, но и за различни технолошки и специјализирани прашања, вклучително и за иновации во секторот.

Исто така, ќе се дискутира за еколошки практики – конзервација, интегрирано и органско земјоделство – со цел да се одговори на целите поврзани со адаптација на земјоделството и земјоделците кон климатските промени.

Така, во овој период вакви средби ќе се организираат на следните локации:

  • Росоман – 22.05.2025 во 14 часот во општинската сала.

Теми:

  • Директни плаќања 2025;
  • Органско земјоделство;
  • Неготино – 22.05.2025 во 16 часот во општинската сала.

Теми:

  • Измени во програмата за директни плаќања за 2025;
  • Адаптација и справување со климатските промени во земјоделското производство;
  • Програма за рурален развој 2025;
  • Свети Николе – 23.05.2025 во 11 часот во општинска сала.

Теми:

  • Програма за Рурален развој Мерка 131 Земјоделски задруги;
  • Агрохемиски анализи на почва и земање на почвени проби;
  • Оризари – Велес – 23.05.2025 во 14 часот во училиште.

Теми:

  • Органско земјоделство;   
  • Добра земјоделска пракса и заштита на животна средина;

 

За таа цел, ги покануваме и повикуваме сите заинтересирани земјоделски производители да присуствуваат и активно да учествуваат на наведените средби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *