Програми

Јавен повик 04/2025 за набавка на трактори

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) објави јавен повик бр. 04/2025 од Националната програма за рурален развој за мерка 121.8 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства – Набавка на трактори“. 

Согласно Програмата прифатливи се само инвестиции за набавка на трактори, на овој јавен повик не може да се аплицира за приклучна механизација. Финансиската поддршка преку овој повик се доделува во вид на неповратни грантови до 600.000 денари. Право на аплицирање имаат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој се води во МЗШВ.

Крајниот рок за аплицирање е 07.07.2025 година.

 НАПОМЕНА: На овој јавен повик не можат да аплицираат баратели кои во претходните 10 години биле корисници на грант за набавка на трактори преку ИПАРД програмата и Националните програми.

Минимални производствени капацитети

На јавниот повик можат да аплицираат земјоделски стопанства кои имаат регистрирано производствени капацитети за растително производство:

  • најмалку 2 ха за производство на различни земјоделски култури или една земјоделска култура, и/или
  • најмалку 0,5 ха за зеленчук на отворено, и/или
  • најмалку 0,5 ха за тутун, и/или
  • најмалку 0,2 ха за овошје или грозје, и/или
  • максимум до 50.000 литри за производствен капацитет на вино

Потребните документи можете да ги најдете на следниот линк. 

Заинтересираните баратели можат да се информираат во работните едниници на АПРЗ за условите, висината на финансиската помош и начинот за поднесување на барањето. Советниците од АПРЗ на барателите бесплатно ќе им помогнат при подготвување и поднесување на е-барањето за мерката 121.8.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *