Совети

Технологија на одгледување на пченка

Пченката е култура која има широка употреба и представува важна прехранбена, фуражна и техничка култура.
Зрното е најважниот производ за кој најчесто се одгледува пченката. Има висока хранлива вредност, а може да се користи за: човечка храна, за исхрана на добитокот, како и за индустриска преработка.
За човечка исхрана се користи како варено зрно, пуканки, конзервирана или како пченкарно брашно и грис. Со индустриска преработка се добиваат голем број на прехранбени производи: масло за јадење, пченкарни флекици, чипсови , смоки, или во пекарската индустрија се произведува специјален леб и бели украсни печива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *