Работилница во село Единаковци на тема „Услови за садење и одгледување на компир“

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството согласно својата годишна програма за работа продолжува со едукација на земјоделците дирекно на терен. Така во петокот на 28 март советодавците од демирхисарската работна единица организираа собир со жителите на село Единаковци на која се дискутираше за технологија на одгледување на компирот како една од клучните култури од која егзистира месното население.

                    Услови за садење и одгледување на компир-1                                       Услови за садење и одгледување на компир-2

          И овој пат не изостана плодната соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна каде присуствуваше професорот Петар Егуменовски. Професорот се осврна на најбитните моменти при обезбедувањето услови за садење и одгледување на компирот. На средбата присутните можеа да се едуцираат за тоа која количина на семе и големина на компир е потребно за засадување на единица површина, кои минерални ѓубрива се најдобри при одгледување на компир, колку пати треба да се врши заштита во текот на вегетацијата, плодоредот, како и за условите за чување на компирот во зимскиот период.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна