Приготвување на површината за подигање на овоштарник

          По извршениот избор на местото за подигање овоштарник изработениот инвестиционен проект, направената скица-план, пристапуваме кон подготовка на местото и земјиштето.

          Подготвителните мерки за садење се состојат во следното: копачење на грмушки и коренилишта, земјиштето се чисти од жили и камења, се израмнува целиот терен. На наклонети и стрмни терени (повеќе од 6° ) потребно е да се изврши укрепување на земјиштето со правење тераси или плоштатки, зависно од наклонот.

          Да се одбегне можноста од зарази на коренот на младите садници од јаболка, предизвикани од габните и бактериски болести, предизвикувачи на гнилеж на жилите, рак на коренот, пожелно е на терените каде се ископачени стари дрвја и грмушки, новиот насад со јаболка да се посади по 3-4 години. За тоа време површината треба редовно да се обработува и да се одгледуваат окопни култури (пченка, грав, лупина) и други растенија – смески за зелено ѓубрење. Месец дена пред заорувањето на овие растенија, треба да се наѓубрат со азотни ѓубрива (150-200 кг/ха), со цел да се добие поголема зелена маса и да се поттикне работата на почвените микроорганизми. Како преткултури погодни се и легуминозните растенија-луцерката и особено црвената детелина.

           

           

           

           

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна