Што е ИПАРД

Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА) е помош на земјите кандидати за членство во Унијата со цел да се поддржи процесот на исполнување на пристапните критериуми во смисла на воспоставување функционална пазарна економија, прилагодување и спроведување на европското законодавство и способност да се спроведуваат одговорностите кои произлегуваат од членството во ЕУ.

Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој (ИПАРД) е петта компонента на ИПА, со која се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој, од аспект на подготовките за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ и инструментите за нејзино спроведување, поточно правилата за финансирање од Европскиот Фонд за земјоделство и рурален развој (ЕАРДФ), како и прилагодување на земјоделскиот сектор кон правилата и стандардите кои важат на Заедничкиот Пазар на ЕУ.

ИПАРД фондовите се користат согласно изработена и усвоена ИПАРД програма за развој на земјоделството и руралниот развој за програмскиот период од 2007-2013. ИПАРД Програмата содржи преглед на главните приоритетни области за интервенција и соодветни мерки на финансирање.

Цели на ИПАРД Програмата

Цели на ИПАРД програмата произлегуваат од принципите на ИПА односно:

Приоритет (Оска) Специфична цел Соодветни мерки Оска 1 Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на ЕУ

Специфична цел

Подобрување на технолошката и пазарната инфраструктура на трговските земјоделски стопанства и прехранбената индустрија насочени кон повисока додадена вредност на земјоделско – прехранбените производи и усогласување со стандардите на ЕУ за квалитет, јавно здравство, безбедност на храната и заштита на животната средина.

  • Инвестиции во земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Заедницата
  • Инвестиции во преработката и маркетингот на земјоделските производи за преструктуирање и надградба до стандардите на Заедницата

Оска 3 Развој на руралната економија

Специфична цел

Подобрување на квалитетот на животот кај руралното население, зголемен приход и создавање на нови можности за вработување

  • Диверзификација и развој на економски активности во руралните средини

Мерки за финансиска помош

СИПАРД програмата вклучува кохерентен сет од приоритетни оски и соодветно развиени мерки и операции (група на инвестиции) согласно целите на ИПАРД Програмата.

Приоритетна оска 1 Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија

Мерка 101: Инвестиции во земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на ЕУ

Мерка 103: Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на ЕУ

Приоритетна оска 3 Развој на руралната економија

Мерка 302: Диверзификација и развој на руралните економски активности