Земјоделската механизација – најатрактивна за ИПАРД средства

          Започна првиот повик за поднесување на апликации од ИПАРД програмата за 2015 година. И покрај тоа што земјоделците имаат можност да аплицираат по три мерки од оваа програма сепак анјголем интерес постои за набавбка на земјоделска механизација и приклучни машини. Повикот трае до 5 Мај.

          Започна да течи рокот за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата. За овој прв повик за оваа година владата обезбеди 18 милиони евра , за кои ќе може да аплицираат овоштари, градинари, лозари, сточари и други земјоделци. Во овој повик новина е тоа што наместо повратокот од 50% од вредноста на инвстицијата, овој пат , со оглед на тоа што земјоделците прептрпеа големи штети заради поплавите , на сите што ќе успеат да добијат средтва од поваа програма ќе им бидат вратени 75% од вложената инвестиција, изјави за ТВ Орбис Игор Златков – директор АПРЗ

          Кога станува збор за користење на средства од ИПАРД програмата се уште најголем интерес има за земјоделска механизација и приклучни машини. Ова оттаму што механизацијата што ја користат земјоделците е застарена и земјоделците најмногу имаат потреба од набавка на нова земјоделска механизација.

          Повикот трае 45 работни денови и ќе трае до 5 Мај. Заинтересираниоте земјоделци може да аплицираат за користење на средтсва по мерките 101, 103 и 302, односно за модерницација земјоделските стопанства, за вработувачки откупни центри како и диверзификација на рурални средини.

          Видео записот можете да го погледнете на следниот линк

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна