Oдгледување пролетен добиточен грашак

          Услови за одгледување

          Пролетниот добиточен грашак е едногодишно фуражно растение, кое се одгледува за исхрана на добитокот. Грашакот никне на температура од 2-4°С и температура на почвата 5-6°С, а издржува ниски температури до -4°С. Најдобро се развива на 16-18 °С. Високи температури и сув воздух за време на цветање се одразуваат неповолно.

          Агротехника на пролетен грашак

          Плодоред: Во плодоредот најчесто се одгледува после житни култури, сончоглед, пченка и др растенија, а по грашакот се одгледуваат окопни култури затоа што ја оства почвата богата со азот и со разровкана структура.         

          Обработка на почвата: Основното орање треба да се изврши од есен при поволна влажност на почвата на длабочина од 25 см. Пред самата сеидба се врши тањирање и дрлање, при што површинскиот слој од почвата на длабочина од 8-10 см треба ситно да се обработи и добро да се израмни.      

          Ѓубрење: Арското ѓубриво не се користи дирекно на посевот со грашак. Најдобро е тоа да биде внесено со претходната култура. Од минералните ѓубрива грашакот користи NPK (15:15:15) 250 kg/ha, така што  2/3 од ѓубривото се нанесува со длабокото орање а другиот дел, 1/3, се употребува 2 недели пред сеидбата со пролетната обработка на почвата.

          Сеидба: Зависно од условите, сеидбата се изведува од 15.02-15.03, а во некои услови може и до крајот на март со количина од 150-300кг/ха семе на растојание од 12-15 см и длабочина од 3-4 см.  По сеидбата површината треба да се помине со валјак за семето побрзо да се навлажни и рамномерно да никне…

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна