Кампања за новиот повик од ИПАРД 1/2015 за поддршка на земјоделците

          Преку трибини со земјоделците Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството го претставува првиот јавен повик за оваа година од ИПАРД претпристапната програма на Европската Унија за помош на земјоделците.

          Притоа се презентираат мерките за аплицирање, а како новитет се објаснува реализирањето на т.н. добра земјоделска пракса што ќе биде услов за добивање на земјоделските субвенции. Воспоставувањето на добрата земјоделска и хигиенска пракса значи и повисок квалитет на производите и заштита на животната средина, што како услови се бараат согласно Националната програма за развој на земјоделието и руралниот развој од 2013 до 2017 година.

          Трибина за претставување на повикот од ИПАРД програмата се одржа во Облешево при што беше речено дека тaa вклучува три мерки, односно мерката 101 што се однесува на примарното производство, потоа мерката 103 наменета за преработката и маркетингот на земјоделските производи и мерката 302 што се однесува на диверзификација и развој на руралните средини.

          ИПАРД програмата опфаќа неколку сектори и тоа лозарство, овоштарство, градинарство, сточарство и живинарство. Сите оние кои се наоѓаат во овие сектори можат да конкурираат, најпрво да се запознаат со критериумите, ќе дојдат кај нас во Агенцијата, поподробно ќе им објасниме, ќе ги упатиме од каде да ја набават потребната документација. Ovде сме да им помогнеме со подготовка на техничките проекти, така што во секое време можат да се обратат кај нас, рече Валентин Захариев од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Кочани.

          Повикот за аплицирање по огласот за средства од ИПАРД програмата ќе трае до 5 мај. Паралелно со повикот од ИПАРД, деновиве излезе и огласот на националната Програма за рурален развој со кој земјоделците исто така можат да добијат поддршка за своето производство.

          Овој оглас вклучува една мерка, тоа е 121,4, мерка што опфаќа набавка на систем за наводнување “капка по капка“ за насади со пченка, сончоглед и фуражни култури, како и за копање бунари за наводнување. Секој што се занимава со производство на овие култури може да аплицира за набавка на ваков систем, со што може да го модернизира своето производство и да го доближи до стандардите на ЕУ. Да кажам дека овој оглас ќе трае до 20 април, додава Захариев.

          Трибини досега се одржаа во Оризари и Облешево, а во наредните денови се планирани и за земјоделците од Зрновци, Чешиново и останатите населени места што гравитираат кон Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Кочани.

          Видео записот можете да го погледнете на следниот линк

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна