АГРОТЕХНИКА НА КОМПИР

          Значење и карактеристики

          Најважна примена на компирот е за исхрана на луѓето, добитокот и во индустриската преработка.

          Компирот спаѓа во групата на најинтензивни поледелски култури. Има високи репродуктивни способности со приноси  од 25-50т/ха. Тоа е култура со големи барања во поглед на човечка работа и механизација и со големо вложување во репроматеријали (семе, ѓубриво, заштитни средства). Има висока прехрамбена вредност поради високата содржина на скроб, високовредни белковини, витамини и минерали.

          Плодоред

          Компирот бара да се одгледува во плодоред. Најдобри предкултури се: житни култури, легуминози, фуражни култури на ораници, треви. Лоши предкултури се: домат, модар патлиџан, тутун, пченка.

          Почвени и климатски услови

          Компирот успева во умерено влажна клима. Приносот од кртоли, нивниот број и големината зависат од количината и распоредот на врнежите во текот на вегетацијата.

          На компирот му одговара температура која нема големи варирања во текот на вегетацијата, како и за време на зимското мирување на кртолите во складиштата. При садење на компирот,минимална температура на почвата треба да биде 6-8°С. Стеблото со листовите измрзнува на -1 до -2°С. Оптимална температура за пораст на кртолите е 17-20°С. На повисоки температури формирањето на кртолите и приносите се смалуваат а на температура повисока од 30°С порастот на кртолите целосно престанува…

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна