Добиен сертификат МКС EN ISO 9001:2015

          После успешно спроведениот процес на проверка, во декември 2020 година, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството го доби сертификатот за управување со квалитет МКС EN ISO 9001:2015.

          Добиениот сертификат за Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството значи градење добар имиџ на институцијата, имајќи ја во предвид улогата што Агенцијата ја има во процесот на трансфер на знаење за подобрени земјоделски технологии, менаџмент практики и информации за модернизација на земјоделските стопанства во насока на подобрување на пазарната ефикасност на земјоделските производители и усогласување со стандардите на Европската Унија. 

          СЕРТИФИКАТ МКС EN ISO 9001:2015 – МК
          СЕРТИФИКАТ МКС EN ISO 9001:2015 – АЛ

          Воведувањето на ISO стандардот се спроведе во текот на 2020 година. Процесот вклучи:

          1. првични подготовки и проверки на севкупната документација,
          2. развивање политика за квалитет и прирачник за квалитет,
          3. мапирање на контекстот на организацијата, системските и оперативните процеси и процедури,
          4. анализа на ризици и развој на клучни показатели на успехот,
          5. подготовка и сертификација на интерни проверувачи и спроведување интерна проверка.

          По завршувањето на интерните проверки, беше спроведена сертификациска проверка при што беше констатирано дека институцијата ги исполнува критериумите за добивање сертификат МКС EN ISO 9001:2015. Сертификатот го издаде акредитираното сертификацискo тело за ISO 9001, АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје.

          Со воспоставувањето на одржлив процес на управување со квалитет во јавниот сектор, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството се приклучува на европските трендови за воспоставување на квалитет во работата на јавната администрација и модернизација на јавните услуги. Воведувањето и постигнувањето на норми ќе обезбеди поуспешно спроведување на сите тековни иницијативи, за што е потребен добро развиен капацитет, модерно и ефикасно управување и навремено остварување на поставените цели.

          Очекувани придобивки од воведувањето на ISO 9001 во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството се:

          • ефикасно работење;
          • поголема одговорност и свест на вработените;
          • подобрување на статусот на фирмата;
          • вреднување и документирање на работните задачи;
          • способност за натпревар на иста основа;
          • можност за освојување на нови пазари;
          • подобро искористување на времето и ресурсите;
          • подобра идентификација на производот или услугата;
          • континуирано подобрување.

           ISO 9001 – Систем за управување со квалитет 

          ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO 9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат.

          Целта на ISO 9001 е да обезбеди на квалитет во работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација. ISO 9001 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:

          • определување на Политиката за квалитет;
          • дефинирање на одговорности и овластувања во организацијата;
          • дефинирање на Цели за квалитет;
          • планирање и обезбедување на ресурси;
          • планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот;
          • реализирање на барањата на клиентот
          • контрола на неусогласен производ или услуга;
          • дефинирање на корективни мерки за надминување на неусогласениот производ или услуга;
          • мерење, анализа и подобрување на производот или услугата.

          Подобрување на перформансите на деловните процеси, опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето.

          ISO 9001 ги специфицира основните барања за систем за управување со квалитет што организацијата мора да ги исполни за да ја демонстрира својата способност постојано да обезбедува производи и услуги кои го зголемуваат задоволството на клиентите и ги задоволуваат применливите законски и регулативни барања.

          Моделот на ISO 9001 се состои од пет принципи, каде секој принцип одредува сет на барања, постапки и процеси кои треба да се разгледаат за имплементација на системот:

          • општи барања за системот за управување со квалитет и документација;
          • одговорност, фокусирање, политика, планирање и цели на раководството;
          • управување со ресурсите и распределба;
          • реализација на производ/услуга и управување со процесите, и
          • мерење, следење, анализа и континуирано подобрување.

          Притоа, перформансите на организацијата се подобруваат преку употреба на процесниот пристап, а процесите се управуваат како систем дефиниран од мрежа на процеси и нивните интеракции, со што се создава подобро разбирање на додадената вредност.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна