Затоплување во пластеници

          Затоплувањето во пластениците во кои се расадени одредени култури, е еден од многу важните фактори во прецесот на производството.

          Поголемиот дел од земјоделските производители, за загревање на пластениците ја користат сончевата енергија. Причината е во тоа што другите начини на загревање се доста скапи. Со користењето на сончевата енергија за загревање, целата површина која се наоѓа во пластеникот не се загрева подеднакво.

          За сигурно или успешно производство, секој современо изграден пластеник треба да биде покриен со фолија која се одликува со добри изолациски особини, и таквиот пластеник треба да биде опремен со систем за затоплување, кој ќе биде најисплатлив, односно треба да осигурува рамномерно распоредување на топлината во заштитениот простор и да има мали загуби на топлинска енергија.

          Многу важно е, при планирањето на затоплувањето да се пресмета потребната количина на енергија и капацитетот на инсталацијата, и да се земат во предвид климата, која култура ќе се затоплува, во кој период во годината, и вкупниот простор за затоплување.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна