Заштита и прихранување на краставиците во заштитен простор

          Заштитата на краставицата почнува уште со самото расадување на стално место. Економски најзначајни штети причинуваат: пламеницата, ботритисот(сивото гниење), нематидите, белокрилката ,како и појавата на лисниот минер. Значајно е да се нагласи до колку сите агротехнички мерки се применуваат и одржуват во приближно оптимални услови, заштитата со пестициди ке биде минимална.
          Успешна заштита на краставиците од болести и штетници, може да се очекува само ако се врши континуирано следење на појавата на болести и штетници.
          Пламеницата(Pseudoperonospora cubensis), особено опасна е за краставиците во оранжерии и пластеници. По лисјата се јавуват неправилни жолтеникави дамки. Најпрво се појавува на долните лисја, а потоа се шири на новоформираните млади лисја. Претставува многу опасна болест при влажно, облачно време и при услови на појава на роса. За заштита од истата можат да се користат фунгицидите: Antrаkol WP70 (250-300 gr. /100l.вода), Previcur 607 SL (250-300gr./100lвода), Acrobat MZ WG (2-2,5 kg./ha), Orvego (0,8-1l./ha) и други.
          Пепелницата исто така причинува доста штети. За заштита се употребуваат контактни и системични фунгициди, и тоа во сите фази од развојот на рстението, но треба да се внимава на каренцата. Може да се користи Tilt (25 ml./100l.вода), Topas (25ml./100l.вода), Kolis (40gr./100l.), Postalon (90-100ml./100l.вода), како и други средства за заштита.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна